ПРАВИЛНИК ЗА ПОСЕТУВАЊЕ НА ЈАЗИЧНА/КОМПЈУТЕРСКА НАСТАВА-КУРС ВО ЛОГОС ПЛУС:

Настава-курс за еден семестар/полугодие се изведува на следниве начини за јазичните курсеви:

  • 32 сесии  од 60 минути за редовните детски курсеви, пред- јуниори 0, 1 &2;
  • 32 сесии од 75 минути за редовните детски курсеви, јуниори 1&2
  • 32 сесии од 80 минути за редовните детски курсеви, сениори 1&2;
  • 32 сесии од 80 минути за редовните детски курсеви, сениори 1&2;
  • 32 сесии од 90 минути за редовните детски курсеви, сениори 3&4;
  • 32 сесии од 90 минути за редовните курсеви за возрасни;

Сите останати курсеви (јазични и компјутерски) се со однапред определена должина и траење и според предвидениот распоред, а по цена и услови за плаќање наведени во јавно истакнатиот тековен ценовник на ЛОГОС ПЛУС.Под една сесија се подразбира едно доаѓање.

На крајот на курсот посетителот на настава добива диплома за посетување на наставата со назначено ниво според Заедничката европска референтна рамка за јазиците (ЗЕРРЈ) на Советот на Европа.

За да се добие диплома потребно е да се присуствува на најмалку 60% од часовите.

Оценувањето на посетителите на курсевите се врши во текот на целиот курс преку тестови и завршни испити.

Посетителите на детските курсеви добиваат извештај за нивната работа на крајот од секое полугодие.

ЛОГОС ПЛУС го задржува правото да ја откаже групата за која нема доволен број на кандидати, да го промени терминот или професорот доколку условите така налагаат, а уплатените пари за неодржаните часови по вина на ЛОГОС ПЛУС се враќаат во целост.

Доколку посетителот на наставата -  курсот не е во состојба да ја посетува наставата во подолг период, над 4 недели во континуитет, заради ненадејна болест или друга оправдана, непредвидена ситуација за која обезбедува докази, по доставено барање, ЛОГОС ПЛУС ги враќа парите за непосетуваните часови со задршка од 120 денари за административните трошоци.Доколку причината за непосетувањето на наставата не е оправдана и не е договорена пред почетокот на курсот, ЛОГОС ПЛУС има право да ги задржи уплатените пари.

Посетителите на настава треба редовно да ја посетуваат наставата, да не доцнат и да ја почитуваат дисциплината на часовите.ЛОГОС ПЛУС го задржува правото да му ја откаже услугата на посетител на настава кој го попречува наставниот процес со враќање на уплатата за непосетуваните часови.

Уплатата за курсевите се врши на жиро сметка на ЛОГОС ПЛУС  200001350371039 во Стопанска Банка АД, Скопје, или во ЛОГОС ПЛУС секој работен ден од 14.00 до 20.00 часот.

ВО ЦЕНАТА НА КУРСЕВИТЕ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ УЧЕБНИКОТ И РАБОТНАТА ТЕТРАТКА.

УПИСОТ ВАЖИ САМО СО ИЗВРШЕНА УПЛАТА.

Плаќањето на целата сума при упис е со пресметан попуст. Доколку уплатата се врши на рати посетителите на курсевите се обврзани да ги почитуваат роковите за плаќање. Роковите за редовните курсеви се:

·          учебни материјали  - при упис во месец септември до.30.09.______________________

·          прва рата – до 15.10. ___________                                   •                      втора рата - до 15.11.___________

·          трета рата - до 15.12.____________                                •                     четврта рата - до 15.01.___________

·          петта рата – до 15.02.____________                                •                     шеста рата - до 15.03.____________

·          седма рата - до 15.04.____________                               •                     осма рата - до 15.05._____________

Во случај на ненавремено подмирување на обврските ЛОГОС ПЛУС го задржува правото да пресмета камата и да не ги прима на настава оние кои не платиле до наведените рокови.Диплома за посетуван курс нема да им биде издадено на оние кои имаат каков било преостанат долг.Посетителите на наставата - курсевите се обврзани да ја чуваат потврдата за извршена уплата сé додека не ја подигнат дипломата за посетуваниот курс.Посетителот на настава – курсот се обврзува повремено да се информира за новонастанати промени од јавно истакнатите информации во просториите на ЛОГОС ПЛУС.ЛОГОС ПЛУС не презема одговорност за предметите оставени или изгубени во просториите на училиштето.Посетителот на настава-курсот е материјално одговорен за штетите настанати по негова вина врз имотот на ЛОГОС ПЛУС.Посетителот на настава-курсот треба да се однесуваат во согласност со правилата и да ги почитуваат упатствата на ЛОГОС ПЛУС и наставниот персонал.ЛОГОС ПЛУС може да исклучи посетител на наставата-курсот кој ги крши правилата дури и засекогаш.Во случај на оштетување на инвентарот на училиштето, одговара оној кој го сторил тоа како и е обврзан да ја надомести штетата.За сите молби, барања, поплаки, прашања и забелешки, посетителите се обраќаат кај вработените лица во ЛОГОС ПЛУС.ЛОГОС ПЛУС гарантира дека сите лични податоци, освен името и презимето на посетителот на наставата-курсот кои можат да се појават во училниците, на списоците и распоредите на групите, на таблите за известување или на интернет сајтот на ЛОГОС ПЛУС заради објавување на лични творби, учества во различни активности, освоени награди во натпревари поврзани со наставата, се доверливи и можат да бидат обработени само за административните потреби на ЛОГОС ПЛУС, освен ако не е добиена согласност од посетителите.Посетителите на наставата-курсот се обврзувааат да дадат точни лични податоци заради навремена комуникација со ЛОГОС ПЛУС и доколку тие се променат да го известат ЛОГОС ПЛУС.Доколку личните податоци не се точно наведени од страна на посетителите, ЛОГОС ПЛУС не одговара за нивното ненавремено известување или неизвестување.Деновите кои ќе се прогласат за неработни денови согласно прописите за државни празници на РМ, истите ќе бидат неработни и за училиштето ЛОГОС ПЛУС.