ECDL (European Computer Driving Licence) е вендорски и независен стандард со кој на ниво на ЕУ и целиот свет се дефинира единствена рамка на основни информатички знаења и вештини за крајните корисници на компјутерите. ECDL сертификатот е доживотен и со меѓународна важност. Потврдува дека сопственикот на сертификатот во потполност е компетентен за користење на персонални компјутери и основни програмски апликации во секојдневнате задачи на работа и дома.

Можност за посетување на обуките и полагање на испитите во овластениот тренинг центар на Логос Плус, но по потреба и во вашите простории.  

ECDL Start сертификатот го стекнува кандидатот кој ќе ги положи модулите: 

Основи на компјутерот – ICT Basics (хардвер, софтвер и нивна меѓусебна имплементација, основи на работа со компјутер, креирање, печатење и организација на документи, основи на мрежно поврзување, основни мерки за заштита и сл.)

Основи на интернет – Internet Explorer, Mozilla, Google Chrome – основни операции со интернет пребарувачи, пронаоѓање и правилна употреба на јавни податоци, основи за примена на авторски права, основни поставувања за заштита и сигурност, работа и организација со електронска пошта и сл.

Обработка на текст – Word (процесирање на текст, форматирање на текст, проверка од грешки, подготовка на циркуларна електронска порака, вметнување на табели и слики и сл.)

Табеларни калкулации.  – Excel (креирање на табели, форматирање на табели, вметнување математички операции, креирање графикони, пребарување и сл.)
Секој модул се состои од 30 часа (2 пати во неделата во блок од 2х45мин.)

ЕCDL Start сертификатот гарантира дека кандидатот е целосно компетентен за користење на персонален компјутер и работа со наведените апликации во сертификатот кои се полагаат. 

 

ECDL Core сертификатот се стекнува после успешно положени ECDL Start модулите со додаток на модулите:

Користење на бази на податоци – Access – Основи на бази на податоци, креирање табела и образец, пребарување и сл.

Презентации  - Power point – Изработка и форматирање на презентација, разбирање на различните формати за зголемување на продуктивноста, вметнување на слики, цртежи и графикони и сл.

Секој модул се состои од 30 часа (2 пати во неделата во блок од 2х45мин.)

ECDL Core сертификатот претставува потврда дека кандидатот е  потполно компетентен за користење на компјутер согласно со избраните модули.